[MK-EDU] Барање, барање, прашање, прашање

Dimce Grozdanoski dimce.grozdanoski at gmail.com
Wed Mar 6 08:03:10 UTC 2013


Одговорите се дадени во форма на коментари на вашите прашања. Видете подолу.

On 06.03.2013 08:16, G.B. wrote:
> Почитувани
> 1. Ако може да го смените или пренасочите УСО„Коле Неделковски“ во 
> ССОУ „Коле Неделковски“
Направено е пренасочување
> 2. Во едно од упатствата шти ги испративте има линк кон содржина за 
> објавување на слики на википедија. Во таа статија има десетици 
> симболи, објасунувања и што ли уште не, во врска со разни видови и 
> типови како и за  авторските права на сликите кои може да се прикачат 
> на википедиа. Повеќето од нив воопшто не ги разбирам (а верувам и 
> повеќето од колегите) па ќе ве замолам да ни направите еден туторијал 
> за прикачување на најчест вид на слики (лични слики, слики од 
> википедиа и сл. ): Исто така не ми е воопшто јасно како да распознавам 
> дали некоја слика на интернет има слободна лиценца или има авторски 
> права, што е со сликите од учебниците кои се издадени под 
> покровителство на МОН и БРО.
1. Сликите се подигнуваат на Wikimedia Commons, 
http://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Upload. Мора да бидете 
регистриран корисник за да може да подигнете слика. Тоа што го 
подигнувате треба да биде слободно за употреба. Ако сте вие автор на 
сликата/материјалот кој се подигнува тогаш избирате лиценца CC-SA, што 
значи дека ја предавате сликата во слободна употреба. Другите видови на 
лиценци се можеби малку покомплицирани но не мора да ги употребувате. 
Ако се потребни дополнителни објаснувања, слободно прашајте.

2. Јас лично секогаш тргнувам од тоа дека сликите на Интернет не се 
слободни за употреба, така што секогаш кога сакам да искористам слики од 
некој сајт прашувам за дозвола од сопственикот на сајтот. Ако не добијам 
дозвола, тогаш не ги користам нивните слики. Најчесто користам сопствени 
слики кои самиот сум ги направил и ги предавам под слободна лиценца.

3. Сликите и материјалите во учебниците кои се издадени под 
покровителство на МОН и БРО не се слободни за употреба, бидејќи правата 
врз нив ги имаат авторите и МОН и БРО.
> 3. Во средните стручни училишта, матирантите секоја година 
> изработуваат проектни задачи во кои се обработува некоја тема од 
> стручните предмети. Дали делови од проектните матурски задачи, може да 
> се закачат на википедиа како статии, бидејќи во нив се разработуваат 
> теми кои генерално ги нема на википедија-МК.
Да може, но мора да се користи енциклопедиски стил на пишување. Значи 
најверојатно едноставно copy&paste од word нема да функционира, ќе биде 
потребно да се направи rewording на текстот. Исто така со оглед на тоа 
што автори на проектните задачи се учениците потребно  самите тие да се 
сложат дека материјалите ги предаваат под слободна лиценца. Можеби 
најдобро би било проектните задачи така да се дефинираат што би значело 
работа директно на википедија. Но тоа веќе е работа на наставникот како 
ќе ги организира своите ученици.

> 4. Целта на секциите кои се составени од средношколци, е да пишуваат 
> статии на македноски јазик за разни теми и области. Мислам дека, сите 
> ученици не се дорасната да исполната една ваква задача, па колку и да 
> се трудат, од аспект на познавање на темите. Дали не е попаметно да се 
> насочиме кон превод на веќе готови статии на некои од светските 
> јазици, или јазиците на соседите, секако доколку тоа е дозволено.
1. Се сложувам дека не можат да се вклучат сите ученици, но секој треба 
да има можност да биде вклучен. Работата директно на Википедија ќе 
покаже кој од нив го сваќа концептот на Википедија и колкав придонес 
може да даде. Но токму заедничката работа на послабите ученици на 
Википедија на некоја тема со подобрите ученици може да помогне полесно 
да ги совладаат темите.

2. Пишувањето на статии и преведување на статии се пожелни активности 
кои може да се одвиваат истовремено. Пример може да се почне со 
преведување од јазици кои им се познати на учениците (мајчин јазик, 
јазик кој го изучуваат во училиште и сл) на статии во двата правци. 
Работата не мора да биде сконцетрирана само на Википедија на македонски 
јазик.

>
> За голем број на вакви прашање и размислување пожелно е најбрзо што 
> можете да организирате обука, на која подетално ќе разговараме за 
> проблемите со кои се соочуваме.
Оваа мејлинг листа е создадена токму за таа намена. Како форум во кој 
наставниците ќе може да дискутираат за ваквии прашања. Се разбира треба 
да се планира и обука, или јас би го нарекол настан/семинар, на кој 
наставниците ќе си ги разменуваат своите искуства и размислувања на оваа 
тема. Можам да ви кажам дека настани од овој вид се планирани и се 
надевам дека тие ќе се случат еден ден.
>
> Со почит.
>
>
> _______________________________________________
> MK-EDU mailing list
> MK-EDU at lists.wikimedia.org
> https://lists.wikimedia.org/mailman/listinfo/mk-edu

-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.wikimedia.org/pipermail/mk-edu/attachments/20130306/4f965c1b/attachment-0001.html>


More information about the MK-EDU mailing list