[MK-EDU] Барање, барање, прашање, прашање

G.B. gorbuz at yahoo.com
Wed Mar 6 07:16:19 UTC 2013


Почитувани
1. Ако може да го смените или пренасочите УСО„Коле Неделковски“ во ССОУ „Коле Неделковски“
2. Во едно од упатствата шти ги испративте има линк кон содржина за објавување на слики на википедија. Во таа статија има десетици симболи, објасунувања и што ли уште не, во врска со разни видови и типови како и за  авторските права на сликите кои може да се прикачат на википедиа. Повеќето од нив воопшто не ги разбирам (а верувам и повеќето од колегите) па ќе ве замолам да ни направите еден туторијал за прикачување на најчест вид на слики (лични слики, слики од википедиа и сл. ): Исто така не ми е воопшто јасно како да распознавам
 дали некоја слика на интернет има слободна лиценца или има авторски права, што е со сликите од учебниците кои се издадени под покровителство на МОН и БРО.

3. Во средните стручни училишта, матирантите секоја година изработуваат проектни задачи во кои се обработува некоја тема од стручните предмети. Дали делови од проектните матурски задачи, може да се закачат на википедиа како статии, бидејќи во нив се разработуваат теми кои генерално ги нема на википедија-МК. 
4. Целта на секциите кои се составени од средношколци, е да пишуваат статии на македноски јазик за разни теми и области. Мислам дека, сите ученици не се дорасната да исполната една ваква задача, па колку и да се трудат, од аспект на познавање на темите. Дали не е попаметно да се насочиме кон превод на веќе готови статии на некои од светските јазици, или јазиците на соседите, секако доколку тоа е дозволено.

За голем број на вакви прашање и размислување пожелно е најбрзо што можете да организирате обука, на која подетално ќе разговараме за проблемите со кои се соочуваме. 


Со почит.
-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.wikimedia.org/pipermail/mk-edu/attachments/20130305/46675a16/attachment.html>


More information about the MK-EDU mailing list