[MK-EDU] А1. Вики-страница за училиштето

Dimce Grozdanoski dimce.grozdanoski at gmail.com
Tue Feb 19 11:45:40 UTC 2013


Наместо  користење на HTML ознаката <br /> за нов ред кај вики јазикот 
за означување доволно е да започнете нов ред.

На почетокот од параграфот не се остава празно место. Ако оставиме барем 
едно празно место на почеток од параграфот софтверот тоа ќе го 
интерпретира како команда да не го форматира текстот кој следи.


On 18.02.2013 15:49, Dimce Grozdanoski wrote:
> На википедија речиси за секое училиште постои посебна вики страница.
>
> Чекор 1
>
> Проверете дали веќе има вики страница на Википедија за вашето училиште.
>
> Примери:
>
> - ДСУ „Панче Арсовски“ - Скопје, види http://mk.wikipedia.org/wiki/SUSKPA
> - Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, види 
> http://mk.wikipedia.org/wiki/SUPPMA
>
> Чекор 2
>
> Ако нема вики страница за вашето училиште, создадете нова.
>
> Чекор 3
>
> Уредете ја вики страницата со податоци за вашето училиште.
>
> Внимавајте страницата да биде пишувана во енциклопедиски стил.
>
> Илустрирајте ја страницата со фотографии од објектите каде се изведува 
> наставата.
>
> Обидете се да вклучите што е можно повеќе ученици од вашето училиште 
> во уредување на вики-страницата.
>
> Чекор 4
>
> Проверете дали има вики страница за вашето училиште и на некое друго 
> јазично издание на википедија. Направете интервики врски до другите 
> јазични изданија.
>
> Чекор 5
>
> Да избереме најдобра училишна вики-страница.
>
> Најдоцна до крајот на февруари испратете URL врска до вики-страницата 
> на училиштето за кое сметате дека е најдобра.
>
>
> =================
> Поздрав,
> Димче Грозданоски
>
>




More information about the MK-EDU mailing list