[MK-EDU] А2. Училишен вики-проект

Dimce Grozdanoski dimce.grozdanoski at gmail.com
Fri Mar 8 06:22:01 UTC 2013


Корекции на претходно опишаната процедура за започнување на вики-проект. 
Корекциите се однесуваат на започнување на вики-проектот на посебна 
страница наместо на страницата за разговор на улилиштето.

Молам, оние кои веќе формирале вики-секција во своето училиште да го 
земат ова предвид.

Чекор 1

Секое училиште на Википедија си формира своја страница за вики-проект. 
Пример http://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:ОХВП, за ОУТУ „Ванчо 
Питошески“ - Охрид.

Чекор 4

На страницата на вашиот вики-проек, направете два списока, едниот за 
статии кои постојат а другиот за статии кои сеуште не се напишани на 
Википедија. Секој ученик покрај своето корисничко нека ги запише 
избраните одредници, вметнати во аглести загради.

Пример:
# abc_user_name: [[Географија]], [[Река]]
# xyz_user_name: [[Скопје]], [[Битола]], [[Занзибар]],

Обидете се да вклучите што е можно повеќе ученици.


On 27.02.2013 22:22, Dimce Grozdanoski wrote:
> ВикиПроект е проект кој се одвива на страниците на Википедија и има за 
> цел да ја подобри покриеноста со статии на определена тема или група 
> на теми каде уредувачите работат тимски во остварување на целите, т.е. 
> подобрување на содржините. Уредувачите се фокусираат на создавање и 
> подобрување на вики-страници поврзани со темата на проектот, пример на 
> тема - историја, археологија, математика и сл. или пак се фокусираат 
> на некоја специјална задача, пример - илустрирање на статиите со 
> фотографии, категоризација на статиите, изработка на векторски карти 
> кои како подлога користат бит-мапирани карти и сл.
>
> Секој ВикиПроект си има своја страница на Википедија. Овие страници не 
> се место каде директно се пишуваат енциклопедиски статии, туку ресурс 
> кој помага при координацијата и организацијата за пишување и уредување 
> на статии кои се во фокусот на интерес. На страницата на вики-проектот 
> најчесто се дефинираат препораки за уредувачите, следење на развојот 
> на статиите од интерес на групата како и водење на список на алатки и 
> шаблони кои се употребуваат. Страницата за разговор на вики-проектот 
> претставува форум за учесниците во тој проект каде се разговара за 
> остварување на проектните цели, се даваат одговори на прашања поврзани 
> со проектот, препораки до заинтересираните учесници  и сл.
>
> Пример за ВикиПроект по кој може но не мора да се раководиме: 
> http://mk.wikipedia.org/wiki/WPFINKI
>
> Предвидено е секое училиште на википедија да започне свој вики-проект.
>
> Чекор 1
>
> Секоја страница на Википедија има своја страница за разговор. 
> Вики-страницата за вашето училиште исто така има своја страница за 
> разговор. Вашиот проект ќе го започнете на оваа страница за разговор.
>
> Чекор 2
>
> Учениците веќе се запознати со википедија. Некои од нив можеби и 
> пробале да уредуваат на википедија.
>
> Поттикнете ги вашите ученици секој индивидуално:
>
> * да избере една или повеќе одредници за кои веќе има создадена 
> статија на википедија.
> * да избере една или повеќе одредници за кои сеуште нема создадена 
> статија на википедија.
>
> Идеално би било доколку одредниците се во доменот на вашите наставни 
> предмети.
>
> Чекор 3
>
> Формирајте мала група ученици која ќе брои 5-20 члена.
>
> Секој ученик во групата нека отвори сопствена корисничка сметка на 
> Википедија.
>
> Чекор 4
>
> На вики-страницата за разговор на вашето училиште, направете два 
> списока, едниот за статии кои постојат а другиот за статии кои сеуште 
> не се напишани на Википедија. Секој ученик покрај своето корисничко 
> нека ги запише избраните одредници, вметнати во аглести загради.
>
> Пример:
> # abc_user_name: [[Географија]], [[Река]]
> # xyz_user_name: [[Скопје]], [[Битола]], [[Занзибар]],
>
> Обидете се да вклучите што е можно повеќе ученици.
>
> Чекор 5
>
> Одредници за кои постојат статии на Википедија, групата нека се обиде 
> да ги надополни со нови податоци, користејќи се со дополнителна 
> литература или пак со соодветната статија на другите јазични изданија 
> на википедија.
>
> Чекор 6
>
> За одредниците за кои не постојат статии на википедија, групата нека 
> се обиде да ги создаде, почитувајќи ги основните правила на Википедија.
>
> Сите членови на училишниот вики-проект пожелно е да соработуваат 
> меѓусебно во подобрувањето на содржините на википедија а по можност и 
> во вики-проектите на другите училишта.
>
> Чекор 7
>
> Кон средината на месец март, од списокот на новосоздадени статии во 
> рамките на училишниот вики-проект, групата консензуално избира 
> најдобра статија, избира ученик кој дал најголем придонес во 
> уредувањето на статиите, избира ученик кој бил најколаборативен во 
> групата и општо на википедија.
>
> Изборот се прави на вики-страницата за разговор на училиштето.
>
> Во уредувањето на статиите и изборот може да учествуваат и други 
> википедијанци, кои не се членови на вики-проектот.
>
> Чекор 8
>
> Кон крајот на месец март, формираме комисија за избор на најквалитетна 
> статија, ученик кој дал најголем придонес во уредувањето на статиите, 
> ученик кој покажал најголема склоност за колаборативно работење со 
> останатите уредувачи на википедија, ученик кој подигнал најдобра 
> фотографија/слика/илустрација употребена во статиите предмет на 
> интерес. Комисијата ќе биде составена од претставници на училиштата 
> кои ги завршиле своите вики-проекти. Во Комисијата ќе членуваат 
> претставници од наставниот кадар и претставници од учениците, а можно 
> е да учествуваат и претставници на локалната вики заедница.
>
> Комисијата резултатите од својата работа ќе ги објави на страниците на 
> википедија.
>
> =================
> Поздрав,
> Димче Грозданоски

-------------- next part --------------
An HTML attachment was scrubbed...
URL: <http://lists.wikimedia.org/pipermail/mk-edu/attachments/20130308/e228be61/attachment-0001.html>


More information about the MK-EDU mailing list