[MK-EDU] Википедија во вашето училиште, избор на најдобри

Dimce Grozdanoski dimce.grozdanoski at gmail.com
Fri Jun 14 10:30:50 UTC 2013


Почитувани,

Ве молиме доколку во вашето училиште е формирана викисекција во рамките 
на проектот „Македонија на Википедија“:

[1] Да доставите информација за активностите на викисекцијата.

[2] Да доставите ваш предлог на ученик кој бил најактивен, 
најисполнителен и остварил најдобри резултати во работата на 
викисекцијата и википедија (на било кое јазично издание), со податоци за 
ученикот, име, презиме, негова корисничка сметка на википедија, кратко 
образложение зошто сметате дека заслужува да биде избран за најдобар

[3] Да доставите ваш предлог на професор кој бил најактивен, 
најисполнителен и остварил најдобри резултати во работата на 
викисекцијата и википедија (на било кое јазично издание), со податоци за 
професорот, име, презиме, негова корисничка сметка на википедија, кратко 
образложение зошто сметате дека заслужува да биде избран за најдобар.

Доколку нема формирано викисекција во вашето училиште а постојат 
активности на википедија, тогаш доставете ваши предлози за [2] и [3] 
имајќи ја предвид нивната активност на википедија.

Овие информации и предлози ве молиме да ги доставите најдоцна до 21 јуни 
2013 година.

Предлозите од сите училишта ќе бидат разгледани од страна на Комисија 
составена од претставници на Министерството за образование и наука, на 
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на 
Викимедија Македонија и професори од средните училишта. Комисијата ќе ја 
провери и активноста на википедија. Комисијата ќе додели соодветни 
награди во категорите на најдобра викисекција, најдобар ученик, најдобар 
наставник.

Со почит,
Димче Грозданоски



More information about the MK-EDU mailing list