[MK-EDU] Почеток на проектот „Википедија во вашето училиште“

Jelena jb_mks at mail.net.mk
Sat Feb 16 09:15:58 UTC 2013


Jelena Bogatinova

On Sat, 16 Feb 2013 08:22:04 +0100
  Dimce Grozdanoski <dimce.grozdanoski at gmail.com> wrote:
                    Здраво,

      Поздрав до сите кои се зачленија во овој е-поштенски
       список. Потсетете ги вашите колеги кои не се
зачленети       да се зачленат. На сите номинирани
испратена е покана за       зачленување во списокот.

      Поголемиот дел на комуникацијата околу проектот ќе 
се
       одвива преку овој поштенски список и на страниците
на Википедија.       За оние кои немаат поголемо искуство
со поштенски списоци, да       напоменам дека пораката
испратена на адресата на поштенскиот       список:
MK-EDU at lists.wikimedia.org ја читаат сите членови на
       списокот. Од тие причини доколку сакате да 
остварите
лична       комуникација со некој член на списокот не
пишувајте на оваа       адреса. Членството во овој список
е од затворен тип. Тоа значи       дека член на овој
список се станува само со покана и со одобрување       од
страна на администраторите на овој список. Покана за
членство е       испратена до сите номинирани наставници
од средните училишта за       овој проект на нивните
е-поштенски адреси кои биле наведени во       номинациите.
Оние наставници кои од било кои причини не добиле
       покана за членство во овој список, може лично да
побараат членство       со испраќање порака на мојата
лична е-поштенска адреса.

      Нашата заедничка цел е спроведување на активостите 
во
       рамките на проектот „Македонија на Википедија“,
односно неговиот       потпроект „Википедија во вашето
училиште“, со кој имавте можност       накратко да се
запознаете на презентацијата одржана на 8 февруари
       2013 година. Со овој проект предвидено е преку
       најразлични активности, наставниот кадар и 
учениците
да       се запознаат со Википедија, начинот на нејзиното
функционирање и       поврзаноста на Википедија со другите
проекти на Викимедија. Преку       најразлични активности
во реалниот живот и on-line, наставниот       кадар и
учениците да помогнат во збогатување на       содржините
на Википедија, на што е можно повеќе јазични изданија,
       по број и квалитет, кои секојдневно се повеќе и
повеќе се користат       во наставата. На овој начин ќе се
постигне и подобро претставување       на Македонија на
Википедија како еден од најпосетуваните веб       сајтови
на светско ниво. Активностите ќе ги осмислиме
       заеднички.

      Администратори на овој поштенски список сме јас и
Асаф       Бартов од Викимедија Фондацијата.

        Овде сакам да изразам благодарност до Фондацијата
Викимедија која       ни овозможи да го поставиме овој
поштенски список на серверите на       фондацијата и која
даде подршка на нашиот проект. Да изразам
       благодарност и до господинот Асаф Бартов, кој лично
придонесе да       се забрзаат работите околу промоција на
овој проект пред       Фондацијата.

      Благодарност до оние кои помогнаа во преведувањето 
на
       информацијата од настанот одржан на 8 февруари 2013
година.

      - Изворна информација од настанот на македонски
јазик:
       http://www.finki.ukim.mk/mk/news/presentation-wikimedia-macedonia-2013

      Преводи:

      - Англиски јазик:
http://etherpad.wikimedia.org/FGVrvvFgDs
      - Албански јазик:
http://etherpad.wikimedia.org/KXKXapFN3v

      Оние кои присуствуваа на настанот/презентацијата
одржана на       шест локации низ Македонија ќе добијат
соодветен сертификат на       адреса на нивното училиште:

      - Скопје, ФИНКИ, 38 присутни,
       http://etherpad.wikimedia.org/7hWs87BIyI
      - Битола, Технички факултет, 15 присутни,
http://etherpad.wikimedia.org/oU5xrNK2CJ
      - Штип, УГД, 34 присутни,
       http://etherpad.wikimedia.org/HSnFc0oHAd
      - Тетово, УЈИЕ, 12, присутни,
       http://etherpad.wikimedia.org/zyTcqY6zHh
                     - Скопје, ПМФ, 33 присутни
           - Охрид, ФТУ, 9 присутни

      Од името на сите организатори на овој настан се
извинувам       за сите пропусти кои ги направивме од
организациски аспект, бевме       под притисок на кратките
рокови, просторните капацитети,       географската
распределба на локациите каде се одржуваше настанот.

      Овде би сакал да изразам благодарност до
         деканот на ФИНКИ, д-р Димитар Трајанов, кој
помогна во         организацијата на настанот и направи
прекрасен вовед.         Благодарност до лицата задолжени
за остварување на         телекомуникациските врски помеѓу
шесте локации и непречено         следење на
презентацијата. Благодарност до управите на
         универзитетите кои ни дозволија користење на
нивните простории         за време на презентација.
Благодарност до директорите на         училиштата кои
номинираа свои претставници во проектот. Посебна
         благодарност до сите наставници кои дојдоа на
презентацијата.

        Повеќе информации за настанот, со врски до
презентациските       документи и некои фотографии може да
најдете на следниве URL       адреси:

        - http://etherpad.wikimedia.org/KDra9PB0za
        - http://mk.wikimedia.org/wiki/WPSU201302
        - Вашите коментари за Википедија кои ги дадовте
одговарајќи на       веб-прашалникот:
http://mk.wikipedia.org/wiki/WPSU_Comments

        Може да ви користи исто така „Прирачникот за 
вики“:

      - Издание на албански јазик:
http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Doracak_per_wiki.pdf
        - Издание на македонски јазик:
       http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Priracnik_za_wiki.pdf

      Поздрав до сите вас,

      Димче Грозданоски
      Викимедија Македонија


  Почитуван г-дин Димче,
Од оправдани причини(боледување)не бев во состојба да 
присуствувам на презентацијата на проектот „Македонија на 
Википедија“, одржана на 08.02.2013г. Дали ќе има 
,,реприза,, на оваа презентација? Имено, се чувствувам 
крајно неподготвена за понатамошните активности во рамките 
на проектот.
Во очекување на Вашиот одговор,
голем поздрав,
Јелена Богатинова, професор во СУГС,,Марија Кири 
Склодовска,, - Скопје
 
-- 
ONE – Официјален спонзор на Македонската кошарка
www.vklucise.mk



More information about the MK-EDU mailing list